Достапни линкови

Новинската агенција ИТАР-ТАСС од денеска само ТАСС


Руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, стара 110 години, од денеска ќе го користи само името ТАСС. Во соопштението, агенцијата вели дека брендот кој е симбол на професионалност, ентузијазам и посветеност ќе продолжи да ги одржува и развива своите најдобри традиции. Според агенцијата ТАСС не е кратенка. Но во советската ера, кога беше главна државна новинска агенција, буквите беа кратенка за телеграфска агенција на Советскиот Сојуз. По падот на комунизмот беше додадено ИТАР. Агенцијата соопшти името ТАСС како нов бренд ќе се користи на интернет и во печатените изданија, исто така и во реклами и на сувенири.

XS
SM
MD
LG