Достапни линкови

logo-print

Што содржи договорот меѓу САД и Авганистан?


По долго време Кабул и Вашингтон конечно го потпишаа Билатералниот безбедносен договор со кој околу 10 илјади американски војници ќе можат да останат во Авганистан и откако меѓународната борбена мисија го завршува мандатот на 31 декември годинава. Еве неколку клучни точки од договорот потпишан вчера.

Договорот стапува во сила на први јануари идната година и ќе важи, како што се наведува. „се до крајот на 2024 година и натаму“ доколку претходно не биде прекинат од двете страни.

Во документот не се наведува точниот број на американските војници кои би можеле да останат во Авганистан.

Меѓутоа, американскиот претседател Барак Обама во мај соопшти дека таму би имало 9.800 војници. Тој исто така додаде дека бројот би се намалувал рапидно по 2016 година.

Некои новински агенции шпекулираат дека по тој период во Авганистан би останале околу илјада американски војници.

Тие, како што се додава, не би биле и единствените странски војници во Авганистан.

Кабул се очекува да потпише сличен договор и со НАТО со што би се овозможило останување на 4 до 5 илјади војници, главно од Британија, Германија, Италија и Турција.

Зошто американските сили остануваат?

Според договорот, за подобрување на способноста на Авганистан за да се справи со внатрешните и надворешните закани против сувернитетот на земјата.

Во сега потпишаниот договор се наведува дека американските сили би имале целосен пристап во обезбедувањето на сигурноста на авганистанците, вклучувајќи и во нивните домови.

Тоа подразбира, советување, тренирање и опремување на авганистанските безбедносни сили.

Доколку двете страни заеднички не се договорат поинаку, американските војници нема да учествуваат во борбени операции во Авганистан.

Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи одби да го потпише Договорот меѓу другото и поради тоа што бараше забрана за влегување на американските војници во домови при идните контратерористички операции.

Во сега потпишаниот договор се наведува дека американските сили би имале целосен пристап во обезбедувањето на сигурноста на авганистанците, вклучувајќи и во нивните домови. Сепак, во ваквите акции, главно ќе раководеле авганистанските сили.

Исто така во сегашниот договор останува имунитетот на американските војници пред авганистанските закони, но не и на американските контрактори или вработените на американските контрактори во Авганистан.

Билатералниот договор не е одбранбен пакт со кој на Соединетите држави им се овозможува да го бранат Авганистан доколку биде нападнат од друга земја.

Во таков случај, како што е предвидено, двете страни заеднички ќе работат на соодветен политички и воен одговор на агресијата.

Со новиот договор американските сили ги задржуваат сите постојни бази, но можат и да градат нови доколку за тоа се договорат со Кабул.

Оваа клаузула беше остро критикувана од поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, но и од соседниот Иран кои сметаат дека со тоа само се озаконува постојаното присуство на американските сили во регионот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG