Достапни линкови

МНР: употребата на уставното име на Македонија не го крши меѓународното право


Македонското министерство за надворешни работи наведува дека сегашната практика на користење на уставното име на Македонија од други држави, не претставува повреда на меѓународното право како што деновиве оцени грчкото министерство за надворешни работи. Министерството додава дека Меѓународниот суд за правда со пресуда се произнесе дека токму Грција е таа која не го почитува меѓународното право, односно ја крши обврската од Времената спогодба да не го попречува приемот на Македонија во меѓународните институции и организации. Македонија ќе продолжи во духот на добрососедство да учествува и активно и со добра верба во разговорите со Грција во рамките на Обединетите нации за што поскорашно изнаоѓање решение за спорот, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG