Достапни линкови

logo-print

Во Вашингтон разговори на Обама со Нетанајаху


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува главни теми да бидат заканите од милитантите на Исламската држава, иранската нуклеарна програма и запрениот мировен процес меѓу израелците и палестинците. Во неговото обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот, Натанјаху предупреди дека Иран со нуклеарно оружје е поголема закана од, како што рече, „милитантни исламисти на камиончиња“, мислејќи на милитантите на Исламската држава. Во врска со мировниот процес Нетанјаху изјави дека ќе поддржи историски компромис со палестинците, но не наведе детали за каков компромис станува збор.

XS
SM
MD
LG