Достапни линкови

ЕУ ги задржува санкциите против Русија


Европската унија реши да ги задржи во сила санкциите против Русија поради нејзините акции во источна Украина и поддршката на тамошните бунтовници. Ова вчера беше решено на средбата на евроамбасадорите во Брисел. По воведувањето на последните санкции во почетокот на септември претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека тие би можело да бидат симнати во зависност од спроведувањето на мировниот план договорен меѓу Киев и проруските сепаратисти. Брисел оцени дека имало извесен охрабрувачки развој на ситуацијата, но оти е неопходна натамошна имплементација на мировниот план.

XS
SM
MD
LG