Достапни линкови

Близнашки - На Бугарија и е потребна силна влада


Бугарија има потреба од силна влада по парламентарните избори в недела, која ќе спроведе радикални реформи, со цел да ја извадат земјата од посткомунистичката кал, изјави вршителот на должност премиер Георги Близнашки.

„Имаме потреба од брзи, радикални реформи. Едноставно изгубивме повеќе од една година. Затоа ни треба силна политичка влада, која ќе ги почне долого пролонгираните реформи“, истакна Близнашки.

Тој изрази оптимизам дека до 20 октомври да биде формирана новата бугарска влада.

Тој наведе и дека Бугарија ќе се приклучи на санкциите кон Русија, додавајќи оти се надева на брзо нормализирање на односите меѓу Русија и Западот.

XS
SM
MD
LG