Достапни линкови

Русија нема да праќа средношколци да студираат во САД


Русија го откажа своето учество во почитувана програма која праќа средношколци од поранешните советски републики да студираат во САД, потег што доаѓа во време на западни санкции против Москва за нејзината улога во украинската криза.

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Тефт изјави дека Русија го информирала Вашингтон дека во иднина нема да учествува во програмата за студенти. Амбасадорт додаде дека САД длабоко жалат за оваа одлука од страна на руската влада со која се стави крај на програма со која за 21 години има изградено длабоки и силни врски помеѓу луѓето на Русија и на САД.

Досега, според програмата, повеќе од 8.000 руски средношколци учеле во САД и притоа биле сместени во американски семејства. Програмата ја посетуват и ученици од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан и Украина.

XS
SM
MD
LG