Достапни линкови

Бесими - Членството во ЕУ стратешки приоритет


Интеграцијата во ЕУ е главен приоритет за секоја земја од Западен Балкан, не само поради тоа што нашите земји географски се дел од Европа, туку и поради тоа што Европа игра битна улога и не поддржува во реформите што ги спроведуваме, во трансформацијата на нашето општество, во зацврстувањето на демократските вредности и економскиот развој, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на конфернција за ЕУ во Тирана.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции, Бесими додаде дека добрососедските односи се од суштинско значење за обезбедување напредок во пристапувањето кон ЕУ, па затоа Република Македонија е посветена на постојано подобрување на односите со соседните држави, како и на продлабочувањето на соработката со земјите од регионот.

„Членството во ЕУ останува стратешки приоритет и е главна движечка сила, која не поттикнува посветено да продолжиме да работиме во спроведувањето на реформите и европеизацијата на нашите земји и нашето општество“, рече Бесими.

XS
SM
MD
LG