Достапни линкови

Грција и кредиторите дискутираат за буџетот за 2015 година


Високи претставници на тројката меѓународни кредитори на Грција (Европска унија, Европска централна банка и Меѓународен монетарен фонд) денеска во Атина почнаа серија разговори со грчката Влада за буџетот за 2015 година.

Преговорите се во рамките на петтата контрола на финансиската состојба на Грција, која од февруари 2012 година ја користи втората програма на меѓународни заеми за избегнување на банкрот.

Тројката во првата фаза ќе се се насочи кон буџетот за 2015 година. Предлог-буџетот за идната година треба да биде поднесен пред Парламентот в понеделник. Грција и нејзините кредитори не се согласуваат за големината на буџетскиот дефицит, како и за начините за негово намалување.

XS
SM
MD
LG