Достапни линкови

Хан - ЕУ треба да и помогне на Украина


Кандидатот за нов Комесар за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан изјави дека ќе направи се што е во негова моќ за да придонесе за решавање на кризата во Украина.

Говорејќи на сослушувањето во Европскиот парламент, Хан изјави дека украинскиот територијален интегритет, суверенитет и независност треба да се почитуваат.

На прашањето дали тој имал план за развој на земјата, комесарoт рече дека не се секогаш парите во прашање.

Тој рече дека ЕУ ќе помогне за прашања како што се децентрализација на власта, стабилизација на граѓанското општество, како и реконструкција на источна Украина.

Зборувајќи за договорот за трговија, чија имплементација е одложена до јануари 2016 година, тој увери дека ЕУ ќе се држи на договорот, онака како што беше договорено од страна на Киев и Брисел.

Хан, исто така, рече дека ЕУ треба да и помогне на Украина во врска со енергетската ситуација, но додаде дека енергетскиот сектор на земјата мора да стане потранспарентен.

XS
SM
MD
LG