Достапни линкови

Советот за безбедност за безбедноста и заканите


Седница на советот за безбедност. Ѓорге Иванов, Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Зоран Јолевски, Гордана Јанкуоска, Никола Попоски.

Седница на советот за безбедност. Ѓорге Иванов, Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Зоран Јолевски, Гордана Јанкуоска, Никола Попоски.

Советот за безбедност на Република Македонија на денешната конститутивна седница ги утврдил активностите поврзани со прашањата за безбедноста и одбраната на државата за наредниот период, со цел да се дадат соодветни предлози до Собранието и Владата, како и мислења по определени акти од областа на безбедноста и одбраната.

„Советот за безбедност констатира дека субјектите на системот за национална безбедност успешно ги исполнуваат должностите од делокругот на своите надлежности, дека функционираат на највисоко можно ниво и дека постои координација и соработка меѓу субјектите во насока на натамошно јакнење на националните безбедносни капацитети“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Членовите на Советот за безбедност размениле информации и мислења во врска со актуелните случувања во Сирија и Ирак и рефлектирањето на тие состојби во нашиот регион и во Република Македонија. Посебен акцент, стои во соопштението, бил ставен на состојбата со присуство и регрутирање на граѓани од нашиот регион и од Република Македонија во тие кризни региони.

XS
SM
MD
LG