Достапни линкови

ЕУ повикува да се почитува прекинот на огнот во источна Украина


Европската унија повикува на подобра имплементација на договорот за прекин на огнот во источна Украина постигнат меѓу Киев и про-руските сепаратисти.

Амбасадорите на ЕУ се состанаа во Брисел денеска за да ја проценат ситуацијата во источниот дел на Украина.

Киев и бунтовниците на 5 септември постигнаа договор за прекин на огнот. Но во соопштението на ЕУ се вели дека „истиот протокол ќе треба да се спроведува соодветно“.

Во соопштението се вели дека ЕУ ќе ги олесни или укине санкциите кон Русија кога ситуацијата на теренот, така ќе наложи.


XS
SM
MD
LG