Достапни линкови

logo-print

„МојТермин“ не го почитувале 162 доктори


Вкупно 162 доктори три или повеќе пати месечно задоцниле подолго од еден час на првиот закажан преглед во денот, покажала анализата на податоците од системот „МојТермин“.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска рече дека ќе директорите на болниците треба да поведат прекршочни постапки за дисциплинска неуредност за секој од докторите.

Најмногу доцнеле докторите од психијатрија (22 доктори), акушерство и гинекологија (15), интерна медицина (14), офталмологија (14), ортопедија (11), педијатрија (11). Здравствени установи со најмногу доктори кои доцнат се: Општата болница Дебар, каде 28 отсто од докторите задоцниле повеќе од еден час најмалку три пати во септември, Клиниката за неврохирургија со 20 отсто од докторите, Општата болница во Струмица со 19 отсто од докторите кои прегледите ги почнале со задоцнување од најмалку еден час, рече Тодоров.

XS
SM
MD
LG