Достапни линкови

logo-print

Хан - нема проширување на ЕУ во следните пет години


Кандидатот за нов Комесар за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан соопшти дека нема да има проширување на ЕУ во наредните пет години, за време на неговиот мандат, ако тој биде избран за одговорен за оваа област. Зборувајќи за време на сослушувањето пред Европскиот парламент, новиот претседател на ЕК Жан Клод Јункер рече дека ниедна земја нема да и се приклучи на Унијата оваа деценија. Хан не објасни дали ова значи дека преговорите за проширување ќе бидат во застој или ќе продолжат со земјите како Црна Гора и Србија. Зборувајќи за Западен Балкан тој рече дека регионот нема да биде црна точна во Европа кога станува збор за енергетско и транспортно поврзување и дека ЕУ ќе работи на поврзување на земјите во регионот.

XS
SM
MD
LG