Достапни линкови

logo-print

Путин ќе ја посети Србија на 16 октомври


Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија на 16 октомври по покана на српскиот колега Томислав Николиќ, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. Шефот на руската држава ќе учествува на свечености во Белград по повод 70-годишнината од ослободувањето на градот од германскиот окупатор. Денеска српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека Путин ќе присуствува на воена парада, каква што немало во Белград во изминатите 40 години. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела рече дека Путин за време на средбите со Николиќ и со Вучиќ ќе дискутира за нови проекти кои ќе придонесат за „дополнително продлабочување на партнерството“.

XS
SM
MD
LG