Достапни линкови

САД и Авганистан го потпишаа безбедносниот договор


Американскиот амбасадор во Авганистан Џејмс Канингем.

Американскиот амбасадор во Авганистан Џејмс Канингем.

Соединетите Држави и Авганистан денеска го потпишаa долго одложуваниот безбедносен договор. Билатералниот договорот го потпишаа советникот за Национална безбедност на Авганистан Ханиф Атмар и американскиот амбасадор Џејмс Канингем. Со овој договор се овозможено останување на околу 10 илјади американски војници во Авганистан по повлекувањето на странските сили од таа земја на крајот од оваа година. Се очекува, во наредната недела, Авганистан да потпише сличен договор и со НАТО за останување на околу 5 илјади војници на Алијансата, главно од Велика Британија, Германија, Италија и Турција, кои би имале неборбена мисија во Авганистан по 2014-та година.

XS
SM
MD
LG