Достапни линкови

logo-print

Турција бара помош за сириските бегалци


village, in Sanliurfa province, September 24, 2014

village, in Sanliurfa province, September 24, 2014

Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала ја повика меѓународната заедница да и помогне на Турција за справување со кризата со бегалците од Сирија.

Ала кој говореше синоќа на Светскиот економски форум во Истанбул потсети дека само за неколку денови во овој месец во Турција пристигнале над 150 илјади сириски курдски бегалци.

„Меѓународните организации не помагаат како што треба. Ние потрошивме 4 милијарди долари, ОН потроши 160 милиони долари за хуманитарна помош во Сирија, а другите држави потрошиле 244 милиони долари за помош. Тоа е ништо“, изјави Ала.

Од почетокот на војната во Сирија, Турција примила над 1,5 милиони сириски бегалци.

XS
SM
MD
LG