Достапни линкови

И Украина со истрага против руските власти


Украинските власти сопштија дека ќе отворат кривична истрага против руска агенција за спроведување на законот за наводна поддршка на сепаратистички и „терористички“ групи во источниот дел на Украина.

Претходно Русија ги обвини украинските политички и воени лидери за извршување на „ геноцид“ против луѓето кои говорат на руски јазик во источна Украина.

Украинскиот обвинител изјави дека ќе отвори кривична истрага против функционери на Русија од Истражниот комитет, тело кое ќе врши истрага за наводниот „геноцид“ од страна на украински официјални лица.

Украински сили и про-руските сепаратисти се борат пет месеци во источна Украина, оставајќи зад себе најмалку 3.000 жртви и илјадници луѓе кои ги напуштија своите домови. На 5 септември беше постигнат одговор за прекин на огнот, но тој повремено се нарушува.

XS
SM
MD
LG