Достапни линкови

Македонија нема дефиниран надворешен курс


Формално со Западот, повремено обиди со Истокот, но Македонија останува без конкретни политички потези и иницијативи.

И додека новите случувања во Европа јасно ја исцртуваат актуелната меѓународна политика и конкретно ги позиционираат државите и нивните приоритети, Македонија нема дефиниран надворешен курс по кој партнерите во меѓународната заедница не препознаваат, анализираат експертите во оваа област.

На формално ниво ние останува ориентирани кон евроатланските институции, значи кон западната Алијанса, но на другото, практичното, ниво ние не бараме никаква алтернатива. Можеби луѓе блиски до владата одвреме-навреме создаваат перцепција дека ние одиме кон Истокот, кон Движење на неврзани или слично, но тоа не е точно.

Погрешна е претставата во јавноста дека по неуспехот да влеземе во Алијансата по Букурешкиот самит, земјава бара алтернативни патишта, вели Стево Пендаровски од СДСМ.

„На формално ниво ние останува ориентирани кон евроатланските институции, значи кон западната Алијанса, но на другото, практичното, ниво ние не бараме никаква алтернатива. Можеби луѓе блиски до владата одвреме-навреме создаваат перцепција дека ние одиме кон Истокот, кон Движење на неврзани или слично, но тоа не е точно, затоа што ние немаме конкретен политички потег, ниту една формална политичка иницијатива“, вели Пендаровски.

Македонија е мала држава која се обидува да има добри односи со сите сојузници, смета професор Беким Кадриу. Во оваа група влегуваат европските партнери, соседите, САД, но и други економски моќни држави со оглед на економските односи и потребата од странски инвестиции.

Јас мислам дека Република Македонија се обидува да држи на двете страни. Од една страна односите со ЕУ и со НАТО, но од друга страна се обидува да држи и односи со источните страни како Русија и Турција.

„Јас мислам дека Република Македонија се обидува да држи на двете страни. Од една страна односите со ЕУ и со НАТО, но од друга страна се обидува да држи и односи со источните страни како Русија и Турција“, вели Кадриу.

Искуствата со поранешните глобални кризни точки, но и она што сега се случува со кризата во Украина е само потврда дека ние немаме надворешна политика која е цврсто дефинирана, додава Пендаровски.

„Еднаш гласаме за предлозите на западната Алијанса, а друг пат контактираме и разговараме со источните партнери. Тоа многу ретко било дел од една стратегија и тоа слично во нашиот регион го има Република Србија, но тие јасно и гласно ги кажуваат своите приоритети во однос на членство во ЕУ и во однос на одредени енергетски и економски интереси во однос на Руската Федерација.“

Но она што според професорот Кадриу е проблематично во ваквата надворешна политика на Македонија се моментите кога земјава мора да заземе конкретен став и позиција за некое прашање од глобален интерес.

„Македонија се обидува да држи страни, меѓутоа положбата на земјата кон ЕУ и кон НАТО не е најдобра со оглед на тоа дека заостануваме во реформите што треба да ги направиме и од друга страна и друго, не сме спремни да заземеме страна и да браниме цврсти, аргументирани вредности што ги промовира ЕУ.“

Ваквата неодредена и несигурна политика не може да донесе никакви ефекти, заклучуваат експертите. Политичкото ориентирање кон исток или запад е подлога за реализирање на економските интереси кои треба да се врвен национален приоритет, а Македонија нема никаков ќар од тоа што сме ни таму ни ваму, дециден е Пендаровски. Кадриу посочува дека не ретко политиката на неутралност дава повеќе негативни отколку позитивни ефекти.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG