Достапни линкови

Македонија - земја без штрајкови!


Архивска фотографија: Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на 8 декември 2012 година.
Архивска фотографија: Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на 8 декември 2012 година.

Законите постојано се менуваат и постојано се стеснува маневарскиот простор за синдикатите. Властите со сите сили сакаат да го задушат секој обид за покажување незадоволство.

Експертите нагласуваат дека во последно време цел на новините во законите што се носат е да отворат можност што повеќе еден штрајк да биде прогласен за нелегален. На тој начин, едно важно средство на работниците е обезвреднето, смета професор Мирјана Најчевска.

За разлика од периодот на социјализмот кога штрајкувањето беше сосема нормален начин на искажување на незадоволството на работниците, сè повеќе се намалува просторот којшто им дозволува на работниците да го искористат ова свое право.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„За разлика од периодот на социјализмот кога штрајкувањето беше сосема нормален начин на искажување на незадоволството на работниците, сè повеќе се намалува просторот којшто им дозволува на работниците да го искористат ова свое право“, вели Најчевска.

Деновиве имаше незадоволство во ЈСП поради неисплатени плати, но овој период се чини дека главна тема се измените во законот за средно и основно образование. Експертите се шокирани од одредбите во законот со кој се предвидува наставниците кои ќе штрајкуваат да бидат заменети. Како некој би штрајкувал кога сè повеќе се кратат работничките права, вели поранешниот синдикалец Драге Јовановски.

Стечајните работници бараат да земаат по 100 евра, излегуваат други стечајни работници и велат не сакаме да земаме. Тоа е тоа штрајкбрехерство, што тогаш го гледавме од авион, а власта сега го легализира и преку закон. Ќе носиме резервни работници. Па нигде во светот го нема тоа, штрајкуваат на аеродромот во Париз на пример, никој не се осмелил да донесе нови пилоти.
Драге Јовановски, долгогодишен синдикалец.

„Стечајните работници бараат да земаат по 100 евра, излегуваат други стечајни работници и велат не сакаме да земаме. Тоа е тоа штрајкбрехерство, што тогаш го гледавме од авион, а власта сега го легализира и преку закон. Ќе носиме резервни работници. Па нигде во светот го нема тоа, штрајкуваат на аеродромот во Париз на пример, никој не се осмелил да донесе нови пилоти“, вели Јовановски.

До неговиот коментар доаѓа по одлагањето на штрајкот на СОНК кој беше најавен поради незадоволство од моделот на екстерното тестирање предвидените казни и притисоци за наставниците и ниските плати. Слична ситуација имаше пред две години кога се најавуваше штрајк на вработените во здравството, но тогаш судот донесе одлука дека тоа е нелегитимно. Но, имаше и други законски измени со кои сè повеќе се стеснува просторот за работниците. Согласно измените на законот за работни односи, работниците кои штрајкуваат повеќе немаат право на паричен надомест од работодавачите. Компаниите претходно, според колективниот договор, имаа обврска да им исплатат придонеси на работниците кои штрајкуваат.

„Ако ја погледнеме економската состојба, таа е катастрофална, а од друга страна нема штрајкови. Нема друго одговор освен дека се врши силен притисок преку партиските послушници“, вели Јовановски.

Сето тоа е манир на однесување на еден режим кој ги крши демократските права, оценува Најчевска.

Експертите истакнуваат дека со ваквите решенија единствен овластен да организира штрајк е Синдикатот. Но, еден од проблемите е што има повеќе синдикати, а кога во една фирма има повеќе синдикати, значи дека нема единствена акција.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG