Достапни линкови

Безбедносен договор меѓу САД и Авганистан


Ашраф Гани

Ашраф Гани

Соединетите Држави и Авганистан денеска ќе го потпишат долго одложуваниот безбедносен договор. Со овој договор ќе биде овозможено останување на околу 10 илјади американски војници во Авганистан по повлекувањето на странските сили од таа земја на крајот од оваа година. Договорот ќе го потпишат новиот авганистански претседател Ашраф Гани, а од името на Вашингтон, американскиот амбасадор Џејмс Канингем.

Се очекува, во наредната недела, Авганистан да потпише сличен договор и со НАТО за останување на околу 5 илјади војници на Алијансата, главно од Велика Британија, Германија, Италија и Турција, кои би имале неборбена мисија во Авганистан по 2014-та година.

XS
SM
MD
LG