Достапни линкови

logo-print

Лидерот на Хонг Конг повика на прекин на демонстрациите


Лидерот на Хонг Конг, Леунг Чун Јинг ги повика про-демократските демонстранти веднаш да се повлечат од улиците. Тој денеска изјави дека кинеските комунистички лидери во Пекинг нема да ја повлечат одлуката во врска со изборот на наредниот лидер на Хонг Конг во 2017-та година. Имено, кандидатите за наредните избори за лидер на Хонг Конг, треба бидат одобрени од властите во Пекинг.

Демонстрантите, главно студенти, бараат Чун Јинг да си поднесе оставка, а Пекинг да им дозволи слободни избори.

XS
SM
MD
LG