Достапни линкови

Договор за останување на американски војници во Авганистан


Се очекува САД и Авганистан денеска да го потпишат долго одложуваниот безбедносен договор. Билатералниот безбедносен договор ќе овозможи околу 10 илјади американски војници да останат во Авганистан по завршувањето на борбената мисија на 31 декември годинава. Портпаролот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани вчера потврди дека договорот ќе биде потпишан. Претходниот претседател Хамид Карзаи одбиваше да го потпише. Џон Подеста, советник на американскиот претседател Барак Обама, ќе го потпише договор од американска страна, еден ден откако присуствуваше на инаугурацијата на Гани во Кабул. Се очекува ваков договор Кабул оваа недела да потпише и со НАТО, со што ќе се овозможи уште 4-5 илјади војници, најголемиот дел од Велика Британија, Германија, Италија и Турција, да останат во Авганистан во неборбена мисија по 2014 година.

XS
SM
MD
LG