Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху - Нуклеарен Иран е поопасен од Исламската држава


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, говорејќи пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека нуклеарните капацитети на Иран мора да бидат целосно затворени. Тој рече дека не може да му се дозволи на Техеран да го развива најопасното оружје во светот. Осврнувајќи се на милитантите од Исламската држава, Нетанјаху рече дека таа закана мора да биде поразена. Но, според него, ако се поразат милитантите на Исламската држава и ако се остави Иран на прагот на нуклеарна сила, тогаш тоа ќе значи дека е добиена битката, а ќе се изгуби војната. Иран негира дека се обидува да развие нуклеарно оружје. Говорејќи во врска со неодамнешниот конфликт во Појасот Газа, Нетанјаху ги обвини милитантите на Хамас за смртта на палестинските цивили кои загинаа при напад на израелските сили, велејќи дека Хамас намерно користи деца и други цивили како жив штит.

XS
SM
MD
LG