Достапни линкови

Сирија ги поддржува бомбардирањата против Исламската држава


Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем истакна дека Дамаск „ги поддржува сите меѓународни напори насочени во борбата против тероризмот“. Во неговиот вчерашен говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Муалем рече дека светот треба да ѝ даде приоритет на борбата против Исламската држава, како и на борбата против борците од Ал-Нусра и други организации поврзани со Ал Каеда.

По говорот, Муалем за Асошиетед прес изјави дека САД не ја известуваат Сирија за секој воздушен напад пред тоа да се случи, но сепак вели дека тоа е во ред.

„И ние се бориме против милитантите на Исламската држава и тие се борат против Исламската држава“, рече тој.

Муалем потврди дека Дамаск бил информиран од страна на Вашингтон, 24 часа пред првиот американски воздушен напад на сириска територија.

Тој исто така, рече дека Дамаск се залага за политичко решение на граѓанската војна во Сирија, вклучително и преку дијалог со „вистинската опозиција“, која е против тероризмот.

Русија и Иран претходно се согласија дека нападите предводени од САД го кршат меѓународното право и треба да се вршат со мандат на ОН или на барање од владата на Сирија.

XS
SM
MD
LG