Достапни линкови

Руска истрага поради „геноцид“ во источна Украина


Руските власти соопштија дека ќе отворат кривична истрага поради, како што велат, „геноцидот“ против луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина. Во пресрет на истрагата, федералната истражна комисија на Русија соопшти дека високи украински политички и воени лидери издале наредба во насока на „целосно уништување“ на луѓето кои зборуваат на руски јазик во регионите на Доњецк и Луганск. Комисијата тврди дека „убиството на граѓаните кои зборуваат руски“ е спроведувано од страна на украинските сили со користење на тешко вооружување.

XS
SM
MD
LG