Достапни линкови

logo-print

Индискиот премиер на средба со Обама


Индискиот премиер Нарендра Моди.

Индискиот премиер Нарендра Моди.

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Се очекува тие да разговараат за економски и безбедносни прашања, вклучувајќи ја и состојбата во Авганистан, од каде што САД се повлекуваат по 13 години. Аналитичарите велат дека Обама и Моди ќе се обидат да ги подобрат затегнатите односи. Вашингтон е фрустриран поради тоа што Индија не го отвора пазарот за повеќе странски инвеститори. На Моди му беше забранет влез во САД во 2005 година. До тоа дојде три години по верските немири во кои беа убиени повеќе од една илјада муслимани во државата Гуџатар, каде што Моди беше висок функционер. Тој отфрли вмешаност во насилствата, а индискиот Врховен суд го потврди тоа.

XS
SM
MD
LG