Достапни линкови

logo-print

Преполовен бројот на диви животни во светот за четири децении


Илустрација.

Илустрација.

Се намалува бројот единки од околу три илјади видови животни во светот, многу повеќе од што се мислеше претходно. Студијата на една од најголемите организации за животната средина, швајцарската WWF, во голема мера како виновници ги посочи човечките закани кон природата за намалување на популацијата на живите видови за 52 проценти од 1970 до 2010 година. Подобрените методи за мерење на популацијата на рибите, птиците, цицачите, водоземците и влекачите покажуваат голема разлика од намалувањето од 28 проценти од 1970 до 2008 година, за кое организацијата извести во 2012 година. Во новата студија, ловот и риболовот, заедно со постојаното губење и влошување на природните живеалишта се идентификувани како главна закана за живиот свет ширум светот. Други фактори се глобалното затоплување, загадувањето и болестите.

XS
SM
MD
LG