Достапни линкови

Наградата „Лех Валенса“ за украинското движење Еуромаидан


Украинското про-европско движење Еуромаидан, што ги предводеше протестите во Киев кои доведоа до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукович, е добитник на наградата „Лех Валенса“ за 2014.

Витали Кличко, еден од водачите на протестите, кој сега е градоначалник на Киев, ја прифати наградата во Гдањск во име на движење. Наградата Лех Валенса во вредност од 100 илјади долар се доделува од 2008 за поддршка на човековите права и демократијата.

Лех Валенса е поранешен претседател на Полска, а во 1983 ја доби Нобеловата награда за мир. Валенса рече дека овогодинешната награда е признание за Еуромаидн и за илјадниците Украинци за изразувањето на нивниот „про-европски сон“.

Наместо да оди на еден човек, годинава наградата оди кај 11 Украинци од движењето.

XS
SM
MD
LG