Достапни линкови

Дамаск ги поддржува меѓународните напори против тероризмот


Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем.

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем.

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк истакна дека Дамаск ги поддржува сите меѓународни напори насочени кон борба против тероризмот.

Тој изјави дека светот треба да даде приоритет на борбата против милитантие на Исламските држава и борците од Ал Нусра, како и други терористички групи поврзани со Ал Каеда. Муалем, исто така, рече Дамаск се залага за политичко решение на граѓанската војна во Сирија, вклучително и преку дијалогот со „вистинската опозиција“, која е против тероризмот.

Муалем коментираше директно за воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД против Исламската држава на територијата на Сирија. Русија и Иран претходно се согласија дека нападите предводени од САД го кршат меѓународното право и треба да се спроведуваат со мандат на ОН или на барање на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG