Достапни линкови

САД и Авганистан утре ќе потпишат договор за безбедност


Официјални претставници на САД и на Авганистан соопштија дека ќе потпишат договор на 30 септември со кој ќе се овозможи околу 10 илјади американски војници да останат во земјата и по завршетокот на оваа година. Џон Подеста, советник на американскиот претседател Барак Обама, изјави дека тој ќе го потпише Билатералниот договор за безбедност во име на Вашингтон. Тој ја даде изјавата во Кабул каде присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на Авганистан Ашраф Гани. Советник на Гани, Дауд Султанзој изјави дека договорот од авганистанска страна ќе го потпише висок министер, притоа не посочувајќи кој. Претходниот авганистански претседателот Хамид Карзаи одби да го потпише договорот.

XS
SM
MD
LG