Достапни линкови

Србија - истрага за инцидентот со братот на премиерот Вучиќ


Белград за време на Парадата на гордоста.

Белград за време на Парадата на гордоста.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека ќе биде спроведена истрага за инцидентот во кој е претепан Андреј Вучиќ, братот на премиерот, а полицајците кои учествувале во него веројатно ќе бидат суспендирани до завршување на истрагата.

Министерот не сакал да открие детали во врска со инцидентот, кој се случи вчера за време на Парадата на гордоста, потенцирајќи единствено дека станува збор за единица од Ниш, а сите други информации ќе бидат изнесени кога ќе заврши целосната истрага.

„Не постои оправдување за такво однесување“, објасни српскиот министер.

XS
SM
MD
LG