Достапни линкови

Уапсени продавачи на слики земени од резиденцијата на Јанукович


Белорускиот Комитет за државна безбедност уапси неколку луѓе кои се обиделе да продадат слики за кои велеле дека се на познати уметници, а кои биле земени од резиденцијата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Во соопштението на Комитетот се вели дека осомничените се обиделе да продадат уметничките дела за кои тврделе дека се насликани од Клод Моне, Винсент ван Гог, Едвард Мунк, Василиј Кандински. Осомничените кои се државјани на Белорусија, барале 2, 5 милиони долари за сите слики. Експертите треба да утврдат дали сликите се оригинали.

XS
SM
MD
LG