Достапни линкови

Последна јавна расправа за уставните измени


Во отсуство на опозицијата и главно со позитивни реакции заврши 30 дневната јавна расправа за уставните измени. Последна јавната расправа се одржа денеска во Собранието, организирана од собраниската Уставна комисија на која беа повикани претставници на институции и органи на кои се однесуваат измените, од правните факултети, НВО секторот, пратеници...

Министерот за правда Аднан Јашари нагласи дека текстот на Нацрт амандманите е испратен до сите надлежни институци и органи во Европа, како и до Венецијанската комисија. Очекува забелешките, доколку ги има, да бидат објавени на 10 октомври.

Предалагач на амандманите за измена на Уставот е Владата на Република Македонија. Пред повторно да бидат вратени во Собранието како предлог-амандамни на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи. Последните измени на Уставот беа донесени на 12 април 2011 година.

XS
SM
MD
LG