Достапни линкови

Лустриран поранешен ректор на универзитет


Kомисијата за верификација на фактите на денешната седница лустрираше починат ректор на еден од универзитетите во Македонија за кого е утврдено дека бил соработник на поранешните тајни служби.

„Лицето е починато и неговото име нема да биде објавено. Станува збор за ректор на еден од универзитетите во Македонија кој во осумдесеттите години на службите им оддавал информации за еден докторант на Универзитетот чиј ректор бил“, информираше членот на Комисијата Предраг Димитровски по завршувањето на седницата.

XS
SM
MD
LG