Достапни линкови

logo-print

Шпанија - Судот да забрани референдум за независност на Каталонија


Шпанската влада го повика Уставниот суд да го спречи шпанскиот регион Каталонија да одржи гласање за независност во ноември. Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ја поднесе жалбата до судот. Според нeго повикот на каталонскиот претседател Артур Мас за одржување на референдум, е „нелегален“.

Рахој рече дека референдумот ќе ги подели Каталонците и ќе ги отуѓи од Европа и остатокот од Шпанија.

Во Каталонија живеат 7,5 милиони луѓе. Регионот се смета за економски центар на Шпанија. Каталонците со свој јазик и култура сметаат дека не добиваат многу од владата во Мадрид, во споредба со тоа што придонесуваат со даноци.

XS
SM
MD
LG