Достапни линкови

Награда „Вацлав Хавел“ за азербејџанскиот активист Мамади


Азербејџански активист за човекови права Анар Мамади.

Азербејџански активист за човекови права Анар Мамади.

Парламентарното собрание на Советот на Европа му ја додели годишната награда за човекови права „Вацлав Хавел“ на затворениот азербејџански активист за човекови права Анар Мамади. Останатите двајца финалисти беа изралеска организација која ги брани правата на Израелците и Палестинците и филијалата во Малта на меѓународна служба за бегалци, која ги брани правата на барателите на азил. Наградата во вредност од 79 илјади долари се доделува втора година по ред за достигнувања во граѓанското општество и одбрана на човековите права. Оваа година имало вкупно 56 кандидати. Минатата година наградата ја доби белоруски активист за човекови права Алес Бјалјатски.

XS
SM
MD
LG