Достапни линкови

Девет украински војници убени од про-руските бунтовници


Девет украински војници загинале во борбите со про-руските бунтовници во последните денови во источниот дел од земјата, соопшти денеска украинската војска. Ова е највисок број на жртви од почетокот на примирјето на кое се согласија и двете страни на почетокот на месецот.

„Девет војници загинаа, а 27 се повредени“, изјави Андриј Лушенко, портпарол на Советот за национална безбедност и одбрана.

Во меѓувреме Градскиот совет на Доњецк соопшти дека тројца цивили загинаа, а пет се повредени во текот на изминатите 24 часа и покрај прекинот на огнот.

XS
SM
MD
LG