Достапни линкови

logo-print

Нов пад на руската рубља


Руската рубља денеска падна на ново рекордно најниско ниво во однос на доларот, а падна и во однос на еврото. Еден долар сега се менува за 39,50 рубљи, што е 32 копејки повеќе од вчера, додека еврото се менува за 50,13 рубљи. На 26 септември исто така имаше голем пад на рубљата во однос на доларот, а Централна банка во Москва соопшти дека е многу блиску до интервенција за поддршка на руската валута во однос на американскиот долар и на еврото. Во меѓувреме, акциите на руската компанија Система денеска паднаа за 10 проценти на Московска берза. Система е во сопственост на милијардерот Владимир Јевтушенков, кој е во домашен притвор под обвинение за корупција.

XS
SM
MD
LG