Достапни линкови

logo-print

Белорусија - уапсени лидери на Здружените на Полјаци


Анџелика Борис.

Анџелика Борис.

Двајцата лидери на Здружението на Полјаци во Белорусија(ЗПБ), кое не е признаено од властите во Минск, биле приведени од белоруските гранични полицајци кога патувале во Полска. Претседателот на ЗПБ, Мечислав Јаскиевич, и претседателката на Советот на здружението, Анџелика Борис, денеска биле уапсени на граничниот премин Брузги. Портпаролот на здружението, Анджеј Писалник, за Радио Слободна Европа изјави дека граничните полицајци од приведените одзеле лични предмети, вклучително и нивните лаптопи. Во 2005 година белоруските власти го избришаа од регистарот Здружението на Полјаци во Белорусија, неполитичка организација која има за цел промовирање на полската култура и јазик, и ја формираа Унијата на белоруски Полјаци која е под владина контрола. Полската влада го смета ЗПБ како единствен легален застапник на етничките Полјаци во Белорусија. Околу 4 проценти од 9,7 милиони жители на Белорусија се етнички Полјаци.

XS
SM
MD
LG