Достапни линкови

logo-print

Во Доњецк тензично и покрај примирјето


Градскиот совет на Доњецк соопшти денеска дека во изминативе 24 часа биле убиени тројца цивили, а петмина други биле ранети. Соопштено е дека и покрај примирјето во текот на изминатата ноќ и натаму се слушал артилериски оган. Во меѓувреме, украинската војска и проруските сепаратисти извршиле уште една размена на заробеници во близина на едно село во Доњецк. Размената е дел од мировниот договор потпишан во Минск на 5 септември меѓу претставници на украинската влада и самопрогласените лидери на проруските сеператисти.

XS
SM
MD
LG