Достапни линкови

Домашните експерти се песимисти дека и во наредниот период нема да се случи ништо конкретно на планот на решавање на спорот за името.

Исто како и последните недели кои не донесоа никаков напредок во грчко-македонскиот дијалог, домашните експерти се песимисти дека и во наредниот период нема да се случи ништо конкретно на тој план. Нема сигнали дека во скоро време ќе се интензивира дијалогот или ќе излезат некои нови предлози, вели универзитетскиот професор Димитар Мирчев.

Очигледно дека нашиот јужен сосед не е активен во тоа, нема особен интерес да се покренува тоа прашање. Не верувам, не само поради економската криза со која сè уште живее Грција, туку и поради деликатноста на прашањето за нивното внатрешно јавно мислење.

„И двете страни се под извесен притисок така што внатре во земјата мислам дека интензивно се размислува и работи како понатаму. Не верувам дека до крајот на годината нешто битно ќе се промени“, вели Мирчев.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Без какви било очекувања за интензивирање на спорот за името е и политичкиот аналитичар Арсим Синани. Главниот виновник за ваквата состојба го гледа во односот на македонската Влада кон овој проблем, вели тој.

Мислам дека оваа влада не е спремна и нема капацитет да го реши спорот за името, бидејќи треба широк консензус. Овој консензус тие го немаат ни во парламентот, бидејќи во парламентот нема опозиција.

„Мислам дека оваа влада не е спремна и нема капацитет да го реши спорот за името, бидејќи треба широк консензус. Овој консензус тие го немаат ни во парламентот, бидејќи во парламентот нема опозиција“, вели Синани.

Причините за ваквиот застој, Мирчев ги гледа во фактот што на домашен терен недостига јавна дебата за ова прашање, но пред сè во незаинтересираниот однос на Грција да го затвори ова прашање.

„Очигледно дека нашиот јужен сосед не е активен во тоа, нема особен интерес да се покренува тоа прашање. Не верувам, не само поради економската криза со која сè уште живее Грција, туку и поради деликатноста на прашањето за нивното внатрешно јавно мислење“, вели Мирчев.

Потсетувајќи на фотографијата на која пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го вее знамето на Вергина на Олимп, чин кој предизвика негативни реакции во Грција, Синани вели дека со овие провокации дополнително се подриваат шансите за напредок во преговорите меѓу двете страни.

„Мислам дека треба да сме многу внимателни што и кого провоцираме, бидејќи цивилизираните народи не прават вакви провокации. Не е патриотизам ако го виориш знамето, патриотизам е ако Македонија ја вклучиш во ЕУ и во НАТО“, вели Синани.

До крајот на годината нема ништо да се случи, но првите сигнали и поместувања ги очекувам во раната пролет, заклучува Мирчев. Додава дека тоа може да се случи ако за ова прашање повеќе се ангажира Европската унија. По неодамнешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Попоски и Евангелос Венизелос беше кажано дека преговорите за надминување на проблемот за името не се приоритет на актуелната грчка политика.

Како што денеска јавува МИА, во последното соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи, се потсетува дека позицијата на Грција е сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, а не пред зборот „Република“, за секаква употреба и за сите намени.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG