Достапни линкови

logo-print

Грчкото МНР за ставовите на Атина во спорот со името


Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е „корисно да потсети“ на грчките ставови „со оглед на тоа што некои екстремни кругови се прават дека не знаат ништо или се изненадени што дознаваат сега, од говорот на министерот за надворешни работи на Генерално собрание на Обединетите нации, за позицијата на Грција во врска со спорот за името“ на Македонија. Во соопштението се потсетува дека позиција на Грција за сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, а не пред зборот „Република“, за секаква употреба (ерга омнес), за сите намени, домашни и меѓународни, е формирана во текот на многу години, и постојано се повторува во грчкиот Парламент и на меѓународни мултилатерални и билатерални средби.„Претпоставуваме, очигледно за сите е дека привременото име (Поранешна Југословенска Република Македонија), со кое нашата соседна земја влезе во ОН во 1993 година, и со кое учествува во голем број меѓународни организации, активности и состаноци, е сложено име со придавки пред зборот ’Република’, а не пред зборот ’Македонија’. Ова привремено име не се користи за сите употреби, туку во меѓународни организации и на состаноци и активности кои се организираат и билатерално со многу земји, но за жал не и внатрешно, ниту во пасошите, и не билатерално со многу земји кои ја имаат признаено ПЈРМ со т.н. уставно име, стои во текстот. Ова, се наведува, е една ситуација каде се крши меѓународното право и треба да се промени. - Грчкиот одговорен и јасен став е единствен, кој води кон промена на оваа ситуација, се вели на крајот од денешното соопштение на грчкото МНР.

XS
SM
MD
LG