Достапни линкови

Ваши коментари - штрајк, иселување на млади и ниски плати


Текстовите за штрајкот на просветарите, иселувањето на младите и македонските плати на дното во регионот, се најкоментирани.

Сте испратиле, почитувани, повеќе коментари по минатонеделното интервју на министерот за образование Адеми, пред најавениот, па вчера ставениот во мирување штрајк на просветарите, во кои, Перо, покрај другото вели дека народов не е глупав па да треба „милион пати да се повторува во изјавата дека правото на штрајк е загарантирано со Уставот, но затоа се носи идиотски закон смислен за кршење на тоа право“.

Правото на штрајк, особено во администрацијата и во текстилните фабрики е мислена именка, особено од 2006 наваму. И врапчињата знаат дека се прават ужасни притисоци да нема никаков штрајк во чудесната земја викана Груевски Дизниленд…

Незабеган напишал дека „Правото на штрајк, особено во администрацијата и во текстилните фабрики е мислена именка, особено од 2006 наваму. И врапчињата знаат дека се прават ужасни притисоци да нема никаков штрајк во чудесната земја викана Груевски Дизниленд…“

На нашата веб-страница, Перо пишува: „Секогаш кога мислам дека нашиот бисерен претседател се надминал себеси, сум се излажал. Оп, ете ти го со нов бисер од кој може да излезе еден убав бисерен ѓердан/книга“. Ова како коментар по нашиот текст „Бројките контра Иванов – младите си одат“.

Тоа е многу чудна работа, исто е како гледање стриптиз, сè гледаш ама ништо немаш.

Столц напишал дека „Иванов е продолжена рака на оние кои систематски, дел по дел, ја цедат нашава држава, ама сè дур има повеќе од 50 проценти проста маса, ќе си го добиваме ова“.

Но, Тале со контра мислење: „Иванов не е виновен за злоделата на СДСМ, кои уништија 95 отсто наши фабрики и избркаа 200 илјади работници…“, и така натаму и така натаму. На Тале веднаш му одговара Пиле кој го потсетува со прашање кој предлагаше закон за незастарување на одговорноста во врска со приватизацијата на фирмите и кој не го изгласа предлогот. Некој потпишан со Скопје коментира: „На овој Иванов или му е испран мозокот или се обидува на народот да му го испере мозокот“.

Пред некое време, турската агенција Анадолија го објави податокот од своето истражување дека платите во Македонија се најниски во регионов. Колешката Марија Митевска подготви прилог на таа тема, а Газменд не верува во официјалниот податок на Државната статистика дека просечната плата е 345 евра. „Не е ниту 200 евра, не зборувајте без врска“, напишал. Роб од Скопје предлага да ги отвориме темите за незаконскиот одлив на повеќе од 3 милијарди долари од земјава, како и за перењето пари преку лажни донации, а Јосиф Давидоф го коментира наодот на Статистика: „Тоа е многу чудна работа, исто е како гледање стриптиз, сè гледаш ама ништо немаш“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG