Достапни линкови

logo-print

Во Собранието јавна дискусија за уставните амандмани


Денеска во Собранието на Македонија ќе се одржи јавна дискусија за уставните амандмани што ги предложи владата. Пред повторно да бидат вратени во Собранието како предлог-амандмани на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи. За секој предлог амандман Собранието треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство. Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври. Меѓу уставсните измени се дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг, промена на називот на Народната банка на Република Македонија, воведување на институтот Уставна жалба, и промена на составот на Судскиот совет. Последните измени на Уставот беа донесени во 2011 година.

XS
SM
MD
LG