Достапни линкови

Штрајкот во образованието ставен во мирување


Советот на СОНК на вчерашната седница, по повеќечасовна расправа го стави во мирување Генералниот штрајк во образованието закажан за денеска. Во соопштението од оваа синдикална организација се наведува дека рокот за конкретни резултати од преговорите со Министерството за образование и наука (МОН) за нивните барања е до крајот на годинава. Доколку Советот по овој рок оцени дека прифатените барања од МОН не се соодветни со реалните можности и не се одраз на аргументите, во тој случај веднаш во почетокот на јануари 2015 година, Советот на СОНК ќе одлучува за одредување нов датум за одржување на штрајкот во образованието, се вели во соопштението.

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на СОНК по вчерашната средба, на која се разговарало по сите основи кои во изминатиот период беа наведувани како причини за организација на штрајк.

XS
SM
MD
LG