Достапни линкови

logo-print

Иранскиот претседател на Касписки самит во Русија


Учесниците на Каспискиот самит во Баку во 2010 година

Учесниците на Каспискиот самит во Баку во 2010 година

Иранскиот претседател Хасан Рохани престојува во рускиот град Астрахан, каде што ќе учествува на Каспискиот самит заедно со лидерите на Азербејџан, Казахстан, Русија и Туркменистан. Тој пристигна во предвечерието на самитот, кој треба да започне денеска.

Лидерите на овие 5 земји со години работат на постигнување договор за правниот статус на Касписко Море. Во моментов, договорите за тоа датираат од 1921 и 1940 година, кога Иран и Советскиот Сојуз ги договориле условите. Азербејџан, Казахстан и Туркменистан, земји кои настанаа по распаѓањето на СССР, не се чувствуваат обврзани за тие договори. Во преговорите во прашање се огромни резерви нафта и гас, вредни милијарди долари.

Ова ќе биде 4-ти Касписки самит во последните 12 години.

XS
SM
MD
LG