Достапни линкови

logo-print

Инаугурација на новиот претседател на Авганистан


Ашраф Гани денеска во Кабул ќе биде инаугуриран во претседател на Авганистан. Тој во минатата недела беше официјално прогласен за победник на претседателските избори, три месеци по вториот круг од гласањето. Првиот демократски трансфер на власта во Авганистан беше обременет со обвинувања за изборни насилства од страна на Гани и неговиот ривал Абдула Абдула, што го продолжи процесот на пребројување на гласовите.

Гани ќе ја преземе должноста непосредно пред повлекувањето на поголемиот дел од странските сили кои се борат против Талибанците и нивните сојузници веќе 13 години. Гани вети дека ќе потпише договор со САД кој ќе им овозможи на американските војници да останат во намалено присуство во Авганистан.

XS
SM
MD
LG