Достапни линкови

Мирно заврши Парадата на гордоста во Белград


Во Белград денеска со поддршка и присуство на голем број политичари и амбасадори, како и големо полициско обезбедување, одржана е Парада на гордоста. Во околината на центарот на Белград регистрирани се помали судири со полицијата, но парадата помина без поголеми инциденти.

Најголемо внимание предизвика инцидентот што се случи во Славија, каде припадници на жандармеријата го претепаа Андреј Вучиќ, брат на премиерот Александар Вучиќ.Инцидентот, како што јави Танјуг, се случил кога Андреј Вучиќ, заедно со обезбедувањето, се обидел да помине низ полицискиот кордон, а припадници на жандармеријата го претепале него и неговото обезбедување.

XS
SM
MD
LG