Достапни линкови

СОНК задоволни од разговорите во МОН


Претседателот на СОНК Јаким Неделков

Претседателот на СОНК Јаким Неделков

Заврши средбата меѓу претставници на раководството на СОНК и на Министерството за образование и наука. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека се задоволни од состанокот и дека ги отвориле сите прашања. Тој нагласи и дека има позитивен впечаток оти МОН ќе пристапи кон решавање на проблемите во основното и средното образование. Според него, останува да се одржи седница на Совет на која ќе се расправа за разговорите во МОН и дали да се одржи нјjавениот штрајк.

Министерството за образование и наука, пред одржувањето на средбата информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието нема да биде дел од темите. Како што наведуваат, тоа е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Министерството, наведе дека прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, се вели во соопштението од МОН.

XS
SM
MD
LG